Иранскиот суд започна процес против 5 опозициски демонстранти

Во Иран започна судењето на пет луѓе кои беа уапсени за време на анти-владините протести, минатиот месец. Тие се обвинети за мохареб што значи војна против господ и според исламскиот закон доколку бидат осудени ќе добијат смртна казна. Официјалната иранска новинска агенција ИРНА соопшти дека тие се припадници опозициската Иранска народна муџахединска организација.