Шпинделегер-Австрија сака да посредува меѓу Грција и Македонија

Австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер изјавил дека неговата земја сака да се понуди како медијатор за изнаоѓање на решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција, пренесува државната новинска агенција МИА. Тој смета дека во текот на пролет ќе се најде решение за спорот и дека очекува оваа година соработката на ЕУ со Македонија да има конкретни резултати. Шпинделегер изразил и уверување дека до 2020 година земјите од Западен Балкан ќе станат членки на унијата.