6 мртви во напад на милитанти во Авганистан

Авганистанската полиција соопшти денеска дека во заседа на милитантите во западниот дел на земјата животот го загубиле 6 луѓе. Потпаролот на полицијата Рауф Ахмеди изјави дека милитантите отвориле оган од неколку правци, кон еден конвој кој патувал во покраината Херат. Меѓу убиените е шефот на регионот, локалниот директор на оделот за криминална истрага, еден вработен и еден телохранител, како и двајаца полицајци.