Израелскиот министер за одбарана во посета на Турција

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак денеска пристигна во Турција, каде ќе се сретне со неговиот турски колега Вецди Гонул и со министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Во фокусот на неговата посета ќе биде продажба на оружје на Турција. Тоа е прва посета на некој од властите од Израел по тензијата која настана меѓу двете земји, откако турскиот амбасадор беше навреден од изрелско официјално лице на едно телевизиско шоу. Израел се извини за инцидентот, откако Турција соопшти дека ќе го отповика нивниот амбасадор од земјата.