Словенечкиот премиер Пахор во посета на Македонија

Делегацијата на владата на Република Словенија, предводена од премиерот Борут Пахор и министерот за надворешни работи Самуел Жбогар денеска допатуваа во работна посета на Македонија. Македонските власти соопштија дека Пахор ќе оствари тет-а-тет средба со премиерот Никола Груевски, а предвидена е и средба на претседателите на владите на двете земји.