Јапонија со предупредување до Кина за гасот

Јапонските власти ја предупредија Кина дека ќе преземе акција доколку Пекинг започне со производство на гас во спорното подрачје на источното Кинеско море. Токио се противи на развивањето на полето за гас Чунхиао во морето, бидејќи смета дека тој дел и припаѓа на нејзината територија. Двете земји во 2008 постигнаа договор заедно да ги искористуваат полињата за гас, но Јапонија ја обвини Кина дека самостојно врши дупчења на гас.