Претседателски избори во Украина

Во Украина денеска се одржуваат претседателски избори, за прв пат по портокаловата револуција, пред 5 години. Виктор Јушченко тогаш стана претседател на земјата, но неговата популарност опадна за време на мандатот и најверојатно тој нема да продолжи во вториот круг. Неговиот поранешен противник Виктор Јанукович води во анкетите, а премиерот Јулија Тимошенко е веднаш зад него. ОБСЕ на изборите ќе има 600 набљудувачи.