Обама заедно со пртходниците Буш и Клинтон за помош на Хаити

Американскиот претседател Барак Обама соопшти денеска дека неговите претходници Џорџ Буш и Бил Клинтон ќе го водат националниот проект за собирање на пари за настраданите во земјотресот во Хаити. Претседателот Обама изјави дека Буш и Клинтон ќе му помогнат на американскиот народ да ја одигра својата улога, бидејќи давањето помош во такви катастрофални несреќи е потребно од секој човек. Властите на островот веруваат дека околу 200 илјади луѓе го загубија животот во земјотресот.