Тачи-нова стратегија за северниот дел на Косово

Косовскиот премиер Хачим Тачи соопшти денеска дека целта на новата стратегија за северот на земјата, која ја подготвуваат властите и меѓународните институции ќе биде зајакнување на суверенитетот, почитување на територијалниот интегритет и подобрување на економската ситуација во тој предел. Минатата година како што изјави Тачи таму инвестирале 8 милиони евра, а оваа година можеби ќе формираат и посебен фонд за кој имаат подршка од меѓународната заедница.