Медведев-има напредок во преговорите со САД за нуклеарно разоружување

Рускиот претседател Димитри Медведев денеска соопшти дека со САД оствариле напредок во преговорите за потпишување на договорот за нуклеарно разоружување. Преговорите како што изјави Медведев по средбата со лидерите на руските партии ќе продолжат, но генерално двете земји се договориле за доста прашања. Стариот договор меѓу Русија и САД престана да важи на 5 декември.