Али Акџа во понеделник на слобода


Мехмед Али Акџа, турчинот кој се обиде да го убие Папата Јован Павле Втори во 1981 година, во понеделник излегува од затворот во Анкара по речиси три декади. Според неговиот адвокат, тој планирал да го посети Ватикан и гробот на Папата Јован Павле, како и да оствари средба со сегашниот Папа, Бенедикт 16-ти. Акџа добил над 50 понуди од странски издавачки и филмски куќи за неговата приказна околу атентатот, кој сеуште е мистерија.