Ирански дипломати поднесуваат оставки

Поранешниот ирански дипломат Мухамед Реза Хејдари, кој ја напушти функцијата во знак на протест поради владината репресија врз про-реформските демонстранти, изјави за Радио Слободна Европа дека очекува и други дипломати да си дадат оставки. Хејдари, кој беше конзул во иранската амбасада во Осло, Норвешка, вели дека страхува за својот живот, но оти не решил дали ќе бара политички азил во Норвешка.