Хаити - САД го контролираат аеродромот, помошта пристигнува

Американската армија соопшти дека ја превзела контролата врз аеродромот во главниот град на Хаити, Порт О Пренс, што треба да помогне за координирање на летовите кои носат помош и евакуираат повредени од катастрофалниот земјотрес. Денеска на Хаити ќе пристигне американскиот државен секретар Хилари Клинтон на средба со претседателот Рене Превал. Американскиот претседател Барак Обама вети дека Соединетите Држави ќе му помогнат на народот на Хаити, не само во овие моменти, туку и долгорочно за обнова на земјата. Во меѓувреме, на Хаити медицински тимови им помагаат на повредените, а започнаа да се расчистуваат улиците и да се доставува вода. Се стархува дека доколку помошта не стигне брзо, во Порт О Пренс би можело да завладее беззаконие. Црвениот Крст проценува дека во земјотресот загинаа над 50 илјади луѓе.