Македонија: лустрацијата ја минале шеесетина функционери

Шеесет и еден носител на јавна функција ја поминале лустрацијата што ја изврши Комисијата за верификација на фактите, соопшти на денешната прес конференција претседателот на Комисијата Шпенд Винца. Проверката почна во октомври минатата година и со неа, беа опфатени шефот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, пратениците и членовите на Владата. Постапката, според Винца, била завршена за над 60 предмети при што е утврдено дека сите тие го исполнуваат дополниот услов за вршење јавна функција. Тој соопшти и дека Комисијата донесла одлука носителите на судската власт да бидат опфатени со обврска за поднесување изјави и тоа во периодот од 25 јануари до 25 февруари оваа година.