Црна Гора воспостави дипломатски односи со Косово

Во денешното соопштение на владата на Црна Гора се наведува дека дипломатските односи со Косово биле воспоставени со размена на писма на министрите за надворешни работи. Сепак, како што се додава, размената на амбасадори е одложена се додека Приштина не се согласи да му даде формален статус на црногорското малцинство на Косово. Воспоставувањето официјални дипломатски односи се очекува да ја разгневи Србија која не ја признава косовската незвисност.