Меѓународната заедница размислува за санкции за Иран

Американскиот државен потсекретар Вилијам Барнс предупредил дека Иран може да се соочи со последици ако не успее да се усогласи со меѓународните повици да запре со нуклеарните активности. Тој во интервју за московски весник, изјавил дека е време да се започне со изнаоѓање на начини на кои ќе се санкционира неконструктивното однесување на Иран. Барнс е претставник на САД во шестчлената група која се обидува да го убеди Иран да ја ограничи својата нуклерна програма. Групата ќе разговараат за ова прашање во Обединетите
Нации во Њујорк во сабота. Но од американскиот Стејт департмент велат дека Кина ќе учесетвува на средбата но со претставник на пониско ниво. Сеуште не се знае причината за таквата одлука на Кина, но се претпоставува дека земјата не е подготвена да го казни Иран со повеќе санкции.