Холандија му врати на Ирак глинена плоча стара 4000 години

Холандија денеска на Ирак му ја врати глинена плоча стара 4000 години на церемонија во ирачката амбасада. Плочата беше ставена на продажба на интернет, но властите соопштија дека сопственикот им ја предал откако дознал дека е нелегално да се тргува со културни артефакти. Холандија досега на Ирак му врати 70 археолошки предмети, за кои се претпоставува дека потекнуваат од античкиот град Ур, а околу 7000 од колекцијата се исчезнати, по кражбата во музејот за време на американската инвазија на земјата.