Казахастан бара ОБСЕ да организира самит

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назабаев денеска побара ОБСЕ да одржи самит кој ќе биде посветен на како што тој ја нарече стагнацијата на регионалните групи. Назабаев кој е претседавач на ОБСЕ соопшти дека организацијата треба да ја надмине поделбата на Истокот и Западот и нејзините членови да ги надминат стереотипите за поранешните земји од Советскиот Сојуз. Казахстан е првата земја од Централна Азија која претседава со ОБСЕ.