Црвен Крст испрати 40 тони медицинска помош во Хаити

Црвен Крст испрати 40 тони медицинска помош во Хаити за да им помогне на илјадниците луѓе кои беа повредени во земјотресот, кој го погоди островот. Потпаролот на организацијата Флоријан Вестфал соопшти дека медицинската помош е доволна за 10 илјади луѓе и има за три месеци. Тим од 11 членови на Црвен Крст, меѓу кои и двјаца кои ќе им помагаат на луѓето да ги пронајдат членовите на своето семејство отпатуваа денеска во главниот град на островот Порт о Пренс.