Големите земји ќе упатат помош на Хаити

САД, Велика Британија и Франција ветија дека ќе упатат помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Хаити. Меѓународниот Црвен Крст соопшти дека најмалку 3 милиони жители, односно една третина од населението на Хаити, има потреба од итна помош.
Земјотресот од 7 степени што го погоди карипскиот остров е најсилен во последните 200 години.