Иранските власти забранија весник

Иран забрани уште еден весник. Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека судот наложил затворање на весникот Хемат поради објавување лажни информации и заведување на јавното мислење. По минатомесечните опозициски протести, беа уапсени неколку новинари што се критички расположени кон власта.