Биста на Џони Деп во Србија

Познатата холивудска ѕвезда Џони Деп доби биста во Србија. Статуата ја откри режисерот Емир Кустурица за време на филмскиот фестивал Кустендорф, што тој го организира во едно планинско село во југозападна Србија. Кустурица најави дека планира да снима филм, во кој Деп треба да го игра легендарниот мексикански револуционер Панчо Вила.