Замрзнување на доселувањето, па преговори

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас изрази готовност за обновување на мировните преговори, но под услов Израел на одреден период да го замрзне доселувањето на Евреи на палестинските територии. Абас истакна дека замрзнувањето треба да биде целосно и да ги опфаќа и деловите на источен Ерусалим, кои Израел ги зазеде во 1967 година.