Слободата на говор во светот е во рецесија, според Фридомхаус

Агенцијата Фридомхаус соопшти денеска дека слободата на говор во светот се наоѓа во рецесија, а најмногу е застапена во поранешните советски републики. Во нејзиниот годишен извештај агенцијата објави дека 2009 година е четврата година по ред се нарушува слободата на говорот. Како пример таа го посочува Иран и Русија. Но и во некои земји кои оствариле напредок во минатите години, како Киргистан сега прераснале од делумно слободни во неслободни земји. Агенцијата на Македонија ја оцени со тројка.