Еврокомесарот Филе ги подржува интеграциите на Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска дека Европската Унија ќе продолжи да ги потикнува реформите во земјите од Западен Балкан. Говорејќи пред Надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент Филе соопшти дека земјите од Западен Балкан се оптоварени со тешко историско наследство и оти им е потребна помош од унијата за да го надминат. Тој истакна дека во наредните 5 години сака да има нови членки во ЕУ.