Над 21 отсто од граѓаните во Хрватска невработени

Бројот на невработените во Хрватска минатата година се зголемил за 21,2 отсто, соопшти денеска Националната дирекција за вработување. Во земјата на крајот на декември биле регистрирани 291 545 невработени. Дирекцијата очекува бројката на навработеност да се зголеми и во првите три месеци од оваа година.