13 бунтовници убиени во Авганистан

НАТО соопшти денеска дека во ракетен напад се убиени 13 бунтовници во јужниот дел на Авганистан. Вчера во покраината Хелманд во ист напад загинаа тројца бунтовници, а авганистанските власти соопштија дека во покраината Урузган во самоубиствен напад животот го загубил еден полицаец, а двајца офицери биле повредени.