Бугарија: тешко за влез во еврозоната во следните 3 години

Бугарија, најновата и најсиромашна членка на Европската унија, се јавува како фискален модел за голем број членки на ЕУ кои се борат со должничката криза, пишува денеска весникот „Волстрит џурнал“. Сепак според весникот и покрај строгиот буџет на Бугарија, долгот на други членки на Унијата може да го осуети стремежот на Софија да се присоедини кон еврозоната наредните три години.
Според податоци на бугарското Министерство за финансии, Бугарија била со најнизок буџетски дефицит од 27-те членки на ЕУ минатата година и е очекува таа да биде единствената членка во Унијата со балансиран буџет за 2010, истакнува „Волстрит џурнал“.