2 лица уапсени по грабежот на возилото на Стопанска Банка

Две лица се уапсени по грабежот во петокот на 450 илјади евра од едно возило на Стопанска Банка во Прилеп, соопшти денеска министерството за внатрешни работи. До јавното обвинителство во Прилеп е поднесена кривична пријава за двајцата обвинети и истажниот судија им одреди притвор во траење од 30 дена. Парите од грабежот не се откриени. Приведени се уште неколку лица кои се осомничени дека им помагале во планирањето на грабежот или во прикривање на трагите.