Ештон-еден од приоритетите ќе ми биде Западен Балкан

Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон денеска изјави дека еден од приоритетите на нејзиното работење ќе биде иднината на Западен Балкан и дека сака целиот регион во следниот период да оствари напредок. Таа говорејќи пред пратениците на Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот Парламент, како позитивен чекор го наведе укинувањето на визите за Македонија, Србија и Црна Гора, а политичката ситуација во Босна и Херцеговина ја опиша како сложена.