Иранскиот опозициски лидер упати критики до властите

Иранскиот опозициски лидер Мехди Каруби денеска упати критики кон властите во земјата поради угнетувањето на луѓето во име на религијата. Тој побара луѓето и натаму да бидат дрски, кога ќе се соочат со закани. Каруби соопшти и дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад на изборите во јуни победил со измама. Минатата недела возилото на опозицискиот лидер беше нападнато во градот Казвин.