Северна Кореја сака мировни преговори со САД

Северна Кореја повика на мировни преговори со Соединетите Држави со кои би престанале санкциите против Пјонг Јанг, а би продолжиле меѓународните преговори за нуклеарната програма. Во соопштението на северно-корејското министерство за надворешни работи се истакнува дека во насока на градење меѓусебна доверба, е потребно склучување договор за мир со кој би се заменило примирјето со кое е запрена Корејската Војна во 1953-та година, а кое сеуште е во сила. Соединетите Држави соопштија дека преговорите за мир можат да почнат веднаш откако Северна Кореја ќе ја запре нуклеарната програма.