Голема штета од поплавите во Црна Гора

Поплавите во Црна Гора предизвикале големи материјални штети. Под вода се неколку села во близина на границата со Албанија. Нивото на водата на Скадарското езеро е пораснато, поради што селата на брегот се загрозени. Жителите во дел од селата ја спасувале покуќнината од поплавените куќи, пренесуват црногорските телевизии. Туристичката населба покрај реката Бојана е под вода. Надлежните велат дека материјалната штета е проценета на повеќе од 800 илјади евра.