Обама: САД нема да праќа трупи во Јемен и во Сомалија

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека нема да праќа воени трупи во Јемен и Сомалија за да им помогне на локалните власти во борбата против исламските милитанти. Во последно време зголемена е загриженоста за терористички активности во овие две земји. Обама изјави дека во вакво време земји како нив треба повеќе да соработуваат со партнерите во светот. Во интервју за американскиот часопис „ People“ Обама вели дека и натаму верува дека седиштето на Ал-Каеда е во пограничната област меѓу Пакистан и Авганистан.