Јеменскиот претседател отворен за дијалог со Ал Каеда

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех соопшти дека е отворен за дијалог со припадниците на Ал Каеда, доколку тие заборават на насилството и го предадат оружјето. Салех на телевизијата Абу Даби изјави дека тие се подготвени да имаат разбирање за сите кои ќе се откажат од тероризмот, а во спротивно јеменските безбедносни сили ќе мора да реагираат.