Експлозија пред грчкиот Парламент во Атина

Во близина на споменикот на незнајниот јунак пред зградата на грчкиот Парламент во Атина вчера имало експлозија, во која нема повредени лица, а нанесена е незначителна материјална штета. Пред експлозијата непознат маж се јавил во весникот Елефтеротипија да ги предупреди дека во канта за отпад во близината на споменикот е поставена експлозивна направа.