Втор круг претседателски избори во Хрватска

Во Хрватска денеска се одржува втор круг од претседателските избори. Во првиот круг одржан на 27 декември кандидатот на Социјалдемократската партија Иво Јосиповиќ доби над 32 насто, пред независниот кандидат Милан Бандиќ кој освои повеќе од 14 насто од гласовите. Право на глас во Хрватска имаат околу 4 ипол милиони граѓани. На досегашните избори по два пати за претседатели беа избирани Фрањо Туѓман и сегашниот шеф на државата Стипе Месиќ.