3Д филмовите можат да предизвикаат главоболка

Американскиот офтамолог Дебора Фридман ги предупреди луѓето кои имаат проблеми со очите, дека може да им се појават главоболки доколку гледаат филмови со 3Д технологија. Фридман соопшти дека илузијата што се гледа во трите димензии на филмовите всушност не калибрира на истиот начин, како очите и мозокот. Оние луѓе кои имаат и најмали проблеми со очите, мозокот им се напрега повеќе, што на крајот ќе резултира со главоболка.