Кина бара САД да не му продава ракетна опрема на Тајван

Кина побара денеска од САД да ги откажат плановите за продажба на ракетна опрема на Тајван, бидејќи договорот ќе ја загрози кинеската национална безбедност и ќе ги ослабе воените врски меѓу Пекинг и Вашингтон. Министерството за надворешни работи соопшти дека Тајван е најважното и најсезитивното прашање меѓу кинеско -американските односи. Пекинг смета дека Тајван и припаѓа на Кина.