Црвениот Крст на Македонија понуди помош за поплавените во Албанија

Црвениот крст на Република Македонија понуди помош за надминување на последиците од поплавите кои го зафатија регионот Скадар и Леж во Албанија.
Црвениот крст може да испрати три екипи за спасување - членови на националната единица за одговор при катастрофи, помош во ќебиња, вреќи за спиење, кујнски сетови и хигиенски материјали, како и ставање во функција на прочистителната станица за вода.
По проценката во погоденото подрачје, помошта која ја понуди Црвениот крст ќе биде ставена на располагање до ранливото население од регионот зафатен од поплавите.