НАТО: Паралелните структури на Србија закана за безбедноста на Косово


Командантот на јужното крило на НАТО американскиот адмирал Марк Фицџералд денеска во Приштина изјави дека паралените структури на Србија кои дејствуваат на Косово преставуваат закана за безбедноста поради што НАТО е вознемирен. Според Фицџералд, тоа преставува газење на резолцијата 1244 на Обединетите Нации за Косово. Кфор, како што рече адмирал Фицџералд, е готов да реагира на секоја закана врз мирот. Според Кфор, ситуацијата на Косово е стабилна.