Месиќ во посета на Косово

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ денеска допатува во посета на Косово. По пречекот во Приштина, со државнички почести, Месиќ разговараше со неговиот косовски колега Фатмир Сејдиу. На Месиќ ќе му биде доделен Медал на независноста, едно од највисоките косовски одликувања, а ќе биде прогласен и за почесен жител на Приштина.