Месиќ во посета на Косово

Хрватскиот претседател во заминување Стипе Месиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Косово, во текот на која ќе оствари средби со највисоките претставници на Косово, ќе им се обрати и на косовските пратеници и ќе ја посети хрватската заедница. На Месиќ ќе му биде врачено и признанието почесен граѓанин на Приштина.