Амбасадата на САД во Пакистан незадоволна од властите

Амбасадата на САД во Исламабад соопшти денеска дека пакистанските безбедносни сили ги вознемируваат и апсат американските дипломати, кои патуваат во таа земја. Пакистан сака да ја спречи амбасадата да го зголеми бројот на вработени и да ја прошири зградата. Американските офиицијални лица соопштија дека им требаат повеќе луѓе и простор за да ја дистрибуираат хуманитарната помош за Пакистан во вредност од 7, 5 милијарди долари.