140 мртви во судири на племиња во Судан

Најмалку 140 луѓе загинаа, а 90 се повредени во нередите кои веќе една недела се одвиваат на југот на Судан, соопшти Лиз Гранд, која е шеф на хуманитарната организација на ОН задолжена за тој регион. Голем дел од загинатите се припадници на племето Динка, кои се судриле со племето Нуер. Борбите меѓу ривалските племиња, околу стоката или за освета се се почести во последнава година во јужен Судан.