Македонија на 59 место според квалитетот на животот

Македонија е на 59 место во светот, според квалитетот на животот. Списокот е објавен на интернет страницата Интернешнал ливинг и во него се рангирани 194 земји. Првото место и припадна на Франција, по што следуваат Австрија, Швајцарија, Германија и Нов Зеланд. Од регионот најдобро пласирани се Словенија и Грција кои се најдоа на 27 и 28 место. На крајот на списокот се Судан, Јемен и Сомалија. Индексот на квалитетот на животот се прави врз основа на девет категории меѓу кои: животните трошоци, културата, економијата, животната средина, слободата, здравството, инфраструктура, безбедносниот ризик.