Обвинет воениот врв во Хондурас

Високиот воен врв во Хондурас е обвинет за злоупотреба на својата положба и сила, што допринесе да биде симнат од власт претседателот Мануел Зелаја во јуни. Меѓу обвинетите се наоѓаат генералите на вооружените сили, на воздушните сили, и шефот на морнарицата. Врховниот суд има три дена да се произјасни за обвиненијата.