Груевски не сака да ја коментира изјавата на Папандреу

Македонскиот премиер Никола Груевски при неговата посета на Ерусалим соопшти денеска дека не сакада ја коментира пораката од неговиот грчки колега Јоргос Папандреу дека двете земји треба да се сретнат на половина пат за решавaње на спорот со името. Грчката страна како што изјави Груевски го говори тоа што сака да го слушне Брисел, а го прави тоа што сакаат да го видат нивните граѓани. Тој ја поздрави и вчерашната понуда на српскиот претседател Борис Тадиќ да посредува во решавањето на спорот со името и соопшти дека секој што сака да помогне е добредојден.