Во Јемен уапсени тројца осомничени милитанти на Ал Каеда

Министерството за внатрешни работи на Јемен соопшти дека се уапсени тројца осомничени милитанти на Ал Каеда, кои беа повредени во нападот пред два дена во близина на главниот град Сана. До акцијата во понеделникот во која беа убиени двајца милитанти дојде откако САД и неколку европски амбасади беа затворена поради закани за напади на Ал-Каеда. Амбасадите сега се повторно отворени.