13 нови пациенти со симптоми на А Х1 Н1 во Македонија

Во изминативе 24 часа во Македонија се хоспитализирани 13 нови пациенти со симтоми на грипот А Х1 Н1. На Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени 5 нови пациенти, а на Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања се хоспитализирани 8 деца со симптоми на грипот А Х1 Н1.